Испукани петици

За многу луѓе, ноќен кошмар се грубите и испукани петици за време на зимските денови, или пак преку целата година. Одењето боси и носењето отворени чевли, можат исто така да го влошат проблемот, и да доведат до тоа дури и во лето да имаме груби и рапави петици.
За жал, доколку не се реагира навремено, ситуацијата може многу потешко да се третира, бидејќи обичните хидратантни креми нема да можат да продрат преку сувата, мртва и задебелена кожа. Важно е да се напомене дека кожните проблеми на стапалата можат да бидат и знак за некаков здравствен проблем, а особено за луѓето со дијабетес, кожни проблеми или проблеми со циркулацијата. Исто така, доколку пукнатините на петиците се многу длабоки или крварат, во тој случај е потребно да се консултирате со вашиот доктор. Ако имате проблем со испукана и сува кожа која сèуште може да се санира со соодветен третман и во домашни услови, еве два предлози за вас.
- Мед-Медот е соодветен за третманот на испукани петици бидејќи тој истовремено ја хидратира кожата, и има антибактериски својства. За омекнување, направете мешавина од една шолја мед со едно легенче млака вода, па потопете ги стапалата во водата 15-20 минути. На крајот, истругајте ги нежно стапалата. Тие ќе ви останат меки и хидратирани.
- Банана-За овој третман потребна ви е една зрела банана која што ќе ја изгмечите. Откако претходно сте ги измиле стапалата, нанесете ја бананата онаму каде што е потребно. Оставете да отстои од 10-15 минути. На крајот, измијте ги стапалата со млака вода, и веднаш потоа потопете ги стаплата во ладна вода на неколку минути. Доколку секојдневно го применувате овој третман во текот на неколку недели ќе можете без срам да ги покажувате вашите нозе.
Извор: Здравје и Убавина
0 коментари