Забрзајте го заздравувањето на раните

Во моментот кога ќе се повредите, битно е раната веднаш да се дезинфицира. Потребно е да ја измиете раната и да ставите фластер. Не ја допирајте. Кога ќе ја миете раната, не користете премногу силни средства за дезинфекција. Битно е раните и гребнатинките да бидат хидрирани. Некое време можете да земате витамин Е за да го забрзате процесот на заздравувањето.
По соодветниот третман и чистење на раната или гребнатинката, на затворена рана нанесете слој на гел од алое вера, двапати на ден. Други растенија кои можат да ви помогнат со раните се ехинацеа, кантарион и камилица, а можете да користите и билни чаеви и масла. Ледум или лабрадорски чај може да се најде во билните аптеки. Одличен е за дезинфекција на рани, му помага на телото на природен начин да се одбрани од инфекција и ја олеснува болката. Исто така ја намалува појавата на отоци, промени на бојата на кожата и модрици.
Цветовите, како лаванда и невен исто така се многу ефикасни, особено ако се во форма на мелем или масла, но можат да се користат и билни чаеви. Делуваат како антисептици. Маслото од лаванда делува подобро дури и од крема за лекување на рани. Го забрзува заздравувањето, а исто така и мириса одлично.
Арника е уште еден користен цвет. Особено е ефикасна со модрици и исчашувања. Се применуваат облоги на повредениот дел од телото од чај од арника.
Маслото од лук исто така ќе помогне да се намалат воспалението и инфекцијата. Треба да се става во мала количина.
За да се спречи инфекција, многумина ставаат завој на раната. Битно е тој често да се менува, и редовно да се изложува кожата на свеж воздух, да биде во можност да се формира нова кожа. Возрасни лица со гребнатини треба да ги избегнуваат пушењето и алкохолот, бидејќи тоа го успорува процесот на лекувањето.
Ако симптомите се поизразени, тоа може да биде последица на големо воспаление од раната или гребнатината. Таквите рани би требало да ги прегледа лекар. Симптоми за кои е потребна лекарска помош се: оток на кожата, гноење,крварење од раните кое не престанува и мускулна слабост во областа околу раната.
Извор: Здравје и Убавина
0 коментари