Ново

loading...

Што говори за вас бојата на лакот за нокти

Многу жени бојата на лакот за нокти ја избираат во согласност со трендовите, но, секогаш во тренд се повеќе бои, па така секој ја бира бојата која најмногу му одговара. Освен тоа, постојат бои кои ги носиме без разлика на тоа дали се тренди или не. Еве што говори за вас изборот на бојата на лакот за нокти.


Неон

Девојките кои ги бираат ваквите бои имаат желба да се истакнат, а зрачат со позитивна енергија, сакаат добра забава и возбуда.

Сина боја

Сината боја ги карактеризира смирените личности. Тоа особено се однесува на светлите и пастелни сини бои.

Повеќебојни лакови, и бои кои се прелеваат

Овие бои на лак за нокти се идеални за оние кои сакаат да заблескаат и да бидат забележани. Многу брзо од отворени личности, можат да се претворат во мистериозни заводнички.

Црвена боја

Речиси сите нијанси на црвениот лак за нокти говорат за енергичнa и страстна личност која сака да делува и да го отствари замисленото.

Тиркизна и зелена боја

Овие бои се идеален избор за оние со авантуристички дух кои непрестано бараат нови предизвици.

Боја на праска и корални нијанси

Овие бои речиси секогаш се избор на девојките кои живеат за моментот во кој се наоѓаат. Исто така, ги карактеризираат личностите кои ги сакаат излегувањата.

Лакови со светки

Светките ги бираат шармантните девојки полни со енергија кои сакаат да забавуваат.

Виолетова боја

Овие лакови се идеален избор за личностите кои добро се чувствуваат во својата кожа, т.е секогаш гледаат позитивно на работите.

Жолта боја

Бојата на Сонцето најчесто е избор на топлите, секогаш насмеани личности. 

Безбојни и светли лакови

Ова е чест избор на организираните девојки, но и на оние кои не се плашат да го покажат своето вистинско лице.

Металик лакови

Металик лаковите говорат за силни личности кои без страв носат одлуки.
Па девојки, кој е вашиот избор? 

Путер или маргарин - вечната дилема

Иако навидум слични, путерот и маргаринот се различни, пред се', според своето потекло. Путерот се добива од животински маснотии, претежно кравјо млеко, а маргаринот со хемиски процес на хидрогенизација, од кокосово или палмино масло. Со години, експертите не' убедувале дека маргаринот е подобра опција, но, во последно време, атмосферата се менува. 


Благодарејќи им на новите истражувања, се' повеќе консументи препознаваат дека маргаринот е само вештачка, синтетичка замена за маснотии со многу ниска нутритивна вредност. 

Дури и индустриските гиганти, како што е Унилевер, кои вложиле многу пари и години во промовирање на маргаринот,  ја признаваат својата грешка. Еве за што точно се работи:

Путерот е потполно природна храна, со најмалку 80% на млечни маснотии, која содржи есенцијални масни киселини, витамини и минерали, а не ги менува своите карактеристики на високи температури. Извор е на брза енергија, не се таложи во масните ткива и богат е со витамини кои се неопходни за разлини функции во телото - од одржувањето на добар вид, до функционирањето на ендокриниот систем. Витаминот А е битен за надбубрежната жлезда, витаминот Д е неопходен за апсорпција на калиум, а антиоксидансите Е и К се од големо значење во борбата против слободните радикали. Путерот содржи и јод, лауринска киселина, битна за превенција на фунгични инфекции и лецитин, кој го подобрува метаболизмот на холестеролот. Без оглед на сите предности, путерот не смеат да го консумираат децата алергични на протеини од кравјо млеко.

Маргаринот, во текот на процесот на хидрогенизација, незаситените масни киселини се претвораат во заситени маснотии, кои се многу поопасни за здравјето, отколку холестеролот што го содржи путерот. Имаат бројни несакани ефекти-ја блокираат оптималната промена на холестеролот во црниот дроб, го оштетуваат имунолошкиот систем и создаваат слободни радикали кои можат да ги оштетат ќелиите и да нанесат огромна штета, вклучувајќи и промени во генетскиот код и формирање на канцерогени ќелии. Мали количини на изменети маснотии предизвикуваат алергиски реакции, промени во крвниот притисок и хормонски активности. Сепак, за оние кои страдаат од алергии на протеини од млеко, маргаринот е единствената замена.

Нашиот секојдневен непријател наречен - целулит

Целулитот е деформитет, со кој се соочуваат се’ повеќе жени во светот, додека бројот на мажите е многу мал. Заради натрупување на масни наслаги и токсини под кожата, сврзното ткиво ослабнува и се создаваат деформитети кои потсетуваат на кожа од портокал.


Целулитот се јавува на одредени делови на телото кои се најчесто подложни на тоа: стомакот, бедрата, задникот, нозете, но може и на други делови. Причини за негово настанување се промените во метаболизмот, физиологијата, држење на диета или обилна исхрана, или неправилна и несоодветна исхрана, промена во структурата на сврзното ткиво на кожата, хормонални фактори, инфламаторни промени итн.

Елиминирање на целулитот

Вода - Треба да пиете многу вода! Експертите препорачуваат осум до десет чаши на ден, а водата може да се замени со чај, најдобро зелен.

Здрава храна - Здравата храна богата со вода е од суштинско значење во борбата против целулитот. Храната како јаболка, краставици и грејпфрут се смета дека го намалува целулитот, помага при слабеењето и ја прави кожата здрава. Исто така, светло обоениот зеленчук е богат со витамин Ц. Сол и шеќер и закуските заменете ги со зеленчук

Креми - Креми врз база на кофеин, бршлен или ретинол се ефективни. 

Кофеинот е важен во ослободување на масти од депозитите и затегнувањето на кожата. Ретинол е форма на витамин А кој го намалува присуството на слободните радикали одговорни за распаѓањето на колагенот. Ретинолот помага да се задржи кожата мазна, и прави испакнатините на целулитот да се помалку видливи.

Масажа - Масирајќи ги местата зафатени со целулитот, се поттикнува циркулацијата на крвта и се разбива задржаната течност под кожата.

Вежби - Не заборавајте го редовното вежбање! Целулитот  претставува наталожено масно ткиво, кое треба да се топи, а тоа се овозможува преку активности - пешачење, џогирање, пливање, јога ... неколку пати неделно, се неопходни во борбата против целулитот.

Брза диета: 7 дена - 7кг

Доколку припаѓате на онаа група, која претерано уживала во празничната трпеза, сега веќе ги чувствувате последиците. Фармерките ви се тесни, сукњата не можете да ја закопчате, нема дилема – време е за диета! Постојат многу диети, кои ветуваат брзо губење на килограмите, но оваа брза диета со чорба од зеленчук ви нуди и многу повеќе. 



Со овој режим на исхрана не само што ќе ослабете од 5-8 кг, туку ќе го подобрите и вашето здравје. Оваа диета се базира на чорба од зеленчук со која секојдневно ќе внесувате масти и јаглехидрати. Доколку се одлучите, бидете подготвени да се откажете од алкохолот, кој е строго забранет, газираните пијалоци, леб, мајонез, кечап, шеќер. Чорбата од зеленчук е главен оброк во овие 7 дена, но во комбинација и со други намирници:

Рецепт за чорбата од зеленчук

Потребни намирници:
• 1 или 2 конзерви домат
• 1 страк праз
• 1/2кг боранија
• Пилешка коцка за супа
• 1 целер
• 1кг моркови
• 2 зелени пиперки
• По вкус исечкан лук

Начин на подготовка:

Исечкајте го зеленчукот на мали и средни парчиња и полијте го со вода и варете го на јака температура 10 минути. Намалете ја температурата, додадете го остатокот на намирници и гответе додека зеленчукот не омекне. По желба , можете да додадете и јагнешко, кое треба да го извадите кога ќе е чорбата готова.

1 ден
• Доручек: чај или кафе, јаболко и крушка
• Ужина :овошен сок без шеќер
• Ручек: чорба од зеленчук, јаболки
• Ужина : овошен сок без шеќер
• Вечера: чорба од зеленчук, крушки

2 ден
• Доручек: кафе
• Ужина : чај
• Ручек : чорба од зеленчук и зелена салата
• Ужина : чај или кафе
• Вечера: чорба од зеленчук, 200кг варен компир со 10 гр путер

3 ден
  • Доручек: кафе или чај, крушки и ананас
  • Ужина : овошен сок без шеќер
  • Ручек : чорба од зеленчук, и обарен морков
  • Ужина: овошен сок без шеќер
  • Вечера: чорба од зеленчук, печени пиперки, тиквици и домат
4 ден
• Доручек: капучино со 2 дл немасно млеко, банана
• Ужина : чај или кафе
• Ручек : чорба од зеленчук, и фрапе од 2 дл млеко и една банана
• Ужина : чај
• Вечера : 2дл немасен јогурт

5ден
• Доручек: кафе
• Ужина : чај
• Ручек : 300 гр риба зготвена на пареа, домат
• Ужина : чај
• Вечера : чорба од зеленчук, 200 гр печена риба

6 ден
• Доручек: кафе
• Ужина : чај
• Ручек: 1-2 телешки шницли, зелена салата
• Ужина : чај
• Вечера: чорба од зеленчук, 300-400 гр печено пилешко (без кожа)

7 ден
• Доручек: кафе
• Ужина: овошен сок без шеќер
• Ручек : 150 г интегрален ориз со зеленчук по желба, лук и морков зготвен на пареа
• Ужина : овошен сок без шеќер
• Вечера: чорба од зеленчук, банани, тиквици и краставици

Диета со јаболка

Ја пробувате гардеробата и забележувате дека ви е тесна и не ви прилега убаво. Не се обесхрабрувајте, и за ова постои лек. Предложуваме еднодневна диета со јаболка, со која ќе загубите 1 кг дневно. Дозволени продукти за консумација се: 5 јаболка, 1 чаша јогурт, 1 морков, ориз, лимонов сок, засладувач, масло, зачин, растителен чај и минерална вода. 


Се препорачува да се пијат повеќе течности и да се движите што повеќе.

Појадок: Излупете и исечкајте едно јаболко и измешајте го со јогуртот. Додадете цимет или засладувач за подобрување на вкусот

Меѓуоброк: 1 јаболко

Ручек: Сварете 60 гр ориз, а 1 јаболко излупете го и ицечкајте го на парчиња и сварете го во вода. Потоа измешајте ги оризот и јаболкото. Можете да додадете лимонов сок или цимет

Меѓуоброк: 1 јаболко

Вечера: Изрендајте ги излупеното јаболко и морковот и измешајте ги. Додадете 1 лажичка масло, лимонов сок и некој зачин во ваш вкус.