Ново

loading...

Причини за несвестица

Несвестицата е кратко и ненадејно губење на свеста. Ја следи опуштање на мускулите, поради што личноста паѓа во несвест. Онесвестената личност многу брзо самата се враќа во свесна состојба и најчесто нема никакви последици, освен евентуалните модринки или некои други повреди добиени подека паѓала.







Постојат два вида несвестица:
  • Липтимија - кога чувствувате дека се губие, но свеста, всушност, не се губи сосема.

  • Синкола -кратка и ненадејна несвестица. Тоа е вистинско губење на свеста на неколку секунди, проследено со мала празнина во помнењето (амнезија).


Причини

Причината речиси секогаш е слабото снабдување на мозокот со крв, поради што доаѓа до недостиг на кислород и до моментно запирање на мозочна активност. До таквата состојба доведуваат: силните емоции, проблемите со крвниот притисок, проблемите со срцето, недостигот на шеќер во крвта.
Кај оние што се понервозни и плашливи, посилните емоции може да доведат до ненадејно губење на свеста, на пример додека гледаат неубави сцени, или во ситуација на паника и голема возбуда.

Симптоми за хипогликемија

Несвестицата може да се спречи со земање мало количество шеќер, мед или некоја коцка чоколадо, Симптоми на хипогликемија се:
  • чувство на слабост
  • потење
  • треперење
  • силно чувство на глад


Симптоми

Пред да настапи несвестицата се јавуваат некои од следниве симптоми:

  • нагло потење
  • тахилардија
  • чувство на слабост и замор, често проследено со заматување на видот (магла пред очите)
  • нагло опаѓање на крвниот притисок

Неколку секунди непосредно пред несвестицата се јавуваат симптомите:

  • потење
  • чувство на мачнина
  • просевање и чувство на замор
  • поматување на видот
  • нерамномерно отчукување на срцето, аритмија.

Паѓањето во несвест може да се случи одненадеж, без претходните симптоми на предупредување, но недоволниот доток на крвта во мозокот може да предизвика и некои симптоми, како што се:

  • вртоглавица
  • несвестица поради недостиг на шеќер во крвта

Меѓу  честите причини за несвестица се вбројува и хипогликемијата, т.е. недостигот на шеќер во крвта, а хипогликемијата ја предизвикуваат:

  • недоволното внесување на шеќери и јаглеродни хидрати во исхраната
  • интезивната физичка активност, при што гликозта во крвта пребрзо се троши поради зголемената работа на мускулите.
  • кога личноста што боледува од шеќерна болест зема преголема доза инсулин, по правило се јавува хипогликемија и како последица на тоа - несвестица.

Совет

Пијте повеќе течности, не се преполнувајте со храна и пијалаци, избегнувајте тешка храна и алкохол. Повремено  пешачете или барем трчајте во место и полека станувајте од кревет.

0 коментари