Ново

loading...

Матичен млеч - зошто е добар и како да го консумираме


















Матичниот млеч е еликсир на животот, одлична храна, лек, тој претставува совршен производ од природата.
Матичниот млеч е биолошки високоактивна и многу комплексна супстанција која, покрај белковини, аминокиселини, јагленохидрати, масти и минерални материи, содржи и многу витамини (анеурин B1, рибофлавин B2, придоксин B6, цијанокобаламин B12, биотин витамин H, инозитол, фолна киселина, витамин B9, токоферол, витамин E), како и некои супстанции кои се слични на хормоните.

Лековитото дејство на матичениот млеч е тоа што ги обновува клетките на организмот. Исто така тој ја намалува и вознемиреноста, го враќа мирниот сон, а помага при сенилноста, при астеничните неурози,  како и при Паркинсоновата болест.


Посебно се постигнати добри резултати кај децата заболени од хипертрофија. Доколку имате проблем со тоа како да ја зголемите вашата телесна тежина, тогаш повторно матичниот млеч е корисен, со него ја подобруваме општта здравствена состојба, го подобруваме апетитот, корисен е и за еластичноста на кожата и поткожното масно ткиво.

Се препорачува матичниот млеч да се зема помешан со мед, бидејќи тогаш му се зголемува дејството.

При консумација на матичниот млеч, исклучиво користете пластична или дрвена лажица, и строго избегнувајте смесата да доаѓа во контакт со метални предмети.

0 коментари