Ново

loading...

Неколку совети за домаќинство


















Колку сте вешти во вашата кујна и која е вашата способност во кулинарството.

Колку од советите подолу сте ги знаеле и практикувале!

Дали вашето место е во кујната или не ? 

Ако сакате тортата или колачот полесно да го извадите од плехот или калапот, треба пред печењето задолжително да го премачката со путер или маргарин и да го посипите со брашно (освен ако во рецептот не е поинаку нагласено).

Наместо тркалезен калап можете да користете соодветно тенџере, а наместо четвртаст, подлабок плех.


Пред да го ставите тестото во рерната да се пече, истата претходно треба да ја загреете на потребна температура.

дали колачот е печен, можете да проверите ако со чачкалица убодете во средината од колачот или тортата. Ако чачкалицата е сува, тестото е печено, а ако не е оставете го во рерна уште 5 - 10 минути, но внимавајте да не загори.

Тортата или колачот нема да загори ако пред или о текот на печењето (но некаде пред крајот) ги прекриете со бела Хартија. Меѓутоа, ако рерната не пече рамномерно, обложете го дното на плехот со пергамент хартија премачката со путер, а доколку забележите дека рерната повеќе пече одозгора, покријте го тестото со алуминијумска фолија. Рерната можете доста да ја „подобрите“ ако на дното ставите обичана керамида.


Печената торта полесно ќе ја извадите од садот ако ја завитката со влажна крпа.

Печената торта треба добро да ја изладите, па потоа да ја сечете со остар нож.

Белките подобро ќе ги изматите ако се ладни

Пената од белките се додава на тестото секогаш на крај. Содржината само благо се промешува и тортата веднаш се пече.

Бадемот, пред да се измеле или да се исецка, задолжително треба да се попари со врела вода и да му се симне лушпата.

Лешниците треба пред употреба кратко да се пропржат во рерна.

Сувото грозје задолжително пред да се стави во тортата или колачот треба да се потопи во млака вода или рум. Кога грозјето ќе набабри мора да се исцеди и посипе со брашно, да не би паднало на дното кога ќе се пече колачот.

Брашното кое треба да се додаде во некој крем, пред да се вари треба да се размати во малку вода. Така нема да се прават грутки во текот на варењето.


Кремот кој содржи брашно треба непрекинато да се меша бидејќи лесно може да загори.

Готвењето на пареа се состои во тоа што садато со смесата која се вари треба да се стави во голем сад наполнет со врела вода. Садот со врелата вода треба постојано да се загрева како постојано би имало доволно пареа.

Желатинот кој се прелива преку колачите задолжително мора да отстои во ладна вода барем 15 минути, па после тоа мора да се свари (освен ако во рецептата не е понаику нагласено).


0 коментари