Ново

loading...

Сенф - лек за синуси и мигрена

Сенфот е совршен додаток во исхраната, воедно тој е и многу здрав.

Сенфот е направен од синапово растение кое со векови се користи како зачин.




Семето од синап е одличен извор на селен и омега-3 масни киселини и содржи големи количини на железо, калциум, цинк, манган, магнезиум и диететски влакна.

Селенот, со коj обилува семето од синап, помага во спречување на тешки астматични напади, ги намалува симптомите на ревматоиден артритис и превентивно влијае врз развојот на некои тумори. А пак присутниот магнезиум има улога во намалување на крвниот притисок, напади на мигрена и во спречувањето на срцеви напади кај луѓето со атеросклероза или дијабетес.

Сенфот, исто така го стимулира апетитот и варењето на храната и ги чисти синусите на ист начин како чили пиперките. Сенфот е одличен извор на протеини и витамин Е.

0 коментари