Ново

loading...

ФОТО: Французите го нацртале најдолгиот стрип во светот долг 1.6 км


Светскиот рекорд за најдолг стрип е срушен во текот на викендот во Лион, во срцето на Франција, каде што е нацртан стрипот долг 1,6 километри, соопштија организаторите.

Претходниот рекорд во најдолг стрип изнесуваше еден километар, нацртан во 2011 година, во истиот град, во 2014 година рекордот беше срушен од страна на уметници од Њујорк, овој стрип беше долг 1,2 клометри, изјави Метју Диез, директор на фестивалот на стрип во Лион, кој е исто така автор на идејата за правање на стрип во голем формат.

„Нацртавме стрип од 1600 метри, поточно 1625 метри“, додаде директорот на фестивалот кој на почетокот на јуни месец ќе се оддржи по единаесетти пат.

Рекордот во Гинисовата книга ќе биде внесен за „3 до 4 месеци“, велат организаторите.
       
   

0 коментари