Ново

loading...

Карфиол - голем извор на витамин Ц

Карфиолот е зелјесто растение кое во нашата држава многу често се употребува. На трпезата може да го сретнеме во салати, разни супи, најмногу во зимниците, убави специјалитети кој што се изработуваат.
Карфиолот пред се е ниско калорична намирница. Затоа за карфиолот можеме да
кажеме дека има малку калории, но има многу голема хранлива вредност. Карфиолот е голем извор на витамин Ц, но и на витаминот Б, фолна киселина и многу минерали кои го
штитат и чуваат нашето здравје.
Од карфилот може да се користат и белиот и зелениот дел.



Без разлика кој дел ќе го користите, треба или венаш да се консумираат или веднаш да се конзервираат, бидејќи многу малку можат да останат свежи, за кратко време ќе ја изгубат свежината и квалитетот.
100 грама карфиол содржи околу 25 калории. Карфиолот многу често се користи во разни диети, со што оваа намирница е идеално решение за сите кои внимаваат на линијата.

0 коментари