Ново

loading...

Ѓорѓиева: Јас сум горда што сум дел од шарената револуција, сум горда со граѓаните на Република Македонија


Ѓорѓиева: Колешке Рангелова, јас моите почитувани ученици, ги учам на чесност, да не лажат и да не крадат. Да бидат академски граѓани и полезни да бидат за општеството во кое што живеат. 

Потоа јас сум горда што сум дел од шарената револуција, сум горда со граѓаните на Република Македонија, кое што секои ден во сите градови ширум Република Македонија бараат слобода, мир и правда. 

Јас не сум организатор како Вас, сум била и јас Претседател на жените во СДСМ Радовиш, но никогаш не ги понижив жените од мојата партија, како што Вие ги пониживте вашите жени да ги терате на сред бел ден да чистат траговите од боите, овие трагови од шарената револуција ќе останат вечно запаметени, за генерациите што идат да видат.

0 коментари