Почина Велимир Бата Живојиновиќ

Велимир Бата Живојиновиќ еден од најголемите српски актери. Легенгарниот актер почина синоќа во 22:45 часот на 83 година возраст во болницата „Свети Сава“ во Белград, по долга и тешка болест.
Бата е роден на 5 јуни 1933 година во селото Кораќица, Космај.
Филмското деби тој го имал во 1955 година во филмот „Песна од Кумбара“, додека првата посериозна улога ја имал во „Воз без возен ред“ во 1957 година. Исто така Бата ќе биде запаметен по улогите во „Битката на Неретва“ и „Козара“ како и „Бреза“, како и по улогата на Валтер во „Валтер го брани Сараево“.
Има играно во над 340 филмови и ТВ серии. Зад себе ги остави сопругата Јулијана, ќерката Јелена, синот Миљко и шест внуци.
0 коментари