Ново

loading...

Британците ќе добијат дигитална возачка дозвола


Паметните телефони веќе заменуваат голем број на уреди, од музички плеери, камери и навигациски уреди, а некои дури го заменуваат и компјутерот. Покрај тоа, во иднина, мобилните телефони може да ги заменат дури и документите, па така Велика Британија веќе одредено време ја развива дигиталната возачка дозвола.

Oliver Morley од агенцијата надлежна за издавање на возачки дозволи неодамна на Твитер објави фотографија од дигиталната возачка дозвола на која во моментов работат, а притоа напомени дека таквата дозвола нема во потполност да ги замени хартиените докуенти кои и понатаму ќе се издаваат.

Агенцијата во моментов ја тестира дигиталната возачка дозвола на iPhone во склопот на апликацијата Apple Wallet на која се чуваат податоци од банкарските картички, картичиките за попуст и слично.

„Со оглед на популарноста и на големиот број на корисници на паметните телефони, ова е логичен чекор“, вели аналитичарот за технологија Ben Wood кој вели дека апликациите кои што се користат за плаќање се на високо ниво така да би можеле апликациите и телефоните да се користат и за документи како што е сега дигиталната возачка дозвола, но и дигиталниот пасошот кој исто така е во фаза на развој во Велика Британија.

По пробниот период, се очекува дека за две години ќе може да се користи дигиталната возачка дозвола, и повеќе ќе нема потреба да се грижиме дали со себе сме ја зеле возачката дозвола или не, но ќе мора да се внимава на батеријата на вашиот мобилен или пак во автомобилиот ќе мора да носете мобилен полнач, со цел да не се случи да не можете да ги покажете вашите документи доколи полицијата ве запре, а вашата батерија се потрошила. Споделете на социјалните мрежи!
       
   

0 коментари