Соларниот авион го продолжи своето патување околу светот

![]() |
ФОТО: Beta/AP |
Авионот со соларна енергија „Solar implus 2“ ќе го продолжи патот околу светот и вчера наутро полета од Оклахома а во теков вчерашниот ден следа во Дејтон во американската држава Охајо, соопштуваат организаторите.
„Нашата цел е да го заобиколиме светот со соларниот авион и да докажеме дека тоа е можно со помош на современите и чисти технологии“, се вели во соопштението.
Соларниот авион на патот околу светот полета од Абу Даби на 9. март 2015 година. Во текот етапното летање, направи паузи во Оман, Мјанмар, Кина и Јапнија.
Најризичниот дел беше летот над Пацификот, кој помина во две фази. По вкупно 120 часа лет од Јапонија преку Пацификот, авионот слета на Хаваи на 3 јули минатата година.
По САД, експерименталното летало продолжи со своето патување преку Атлантикот кон Европа или северна Африка.
Авионот лета без гориво, а електрична енергија добива од соларни ќелии од 17.000 монтирани на крилата со 72 метри. Вкупната вредност на проектот, кој започна во 2002 година, се проценува на повеќе од 100 милиони долари.
Авионот на смени го управуваат швајцарските полоти Bertrand Piccard и Andre Borschberg.
Ова патување привлече големо внимание кај луѓето во светот кои сончевата енергија ја гледат како гориво во иднината, извор на чиста, обновлива енергија.
0 коментари