Ново

loading...

Домашни лекови за болно грло

Имате болки во грлото, тогаш следниве два домашни рецепти за болно грло ќе ви помогнат да се ослободите од болката во грлото. И двата домашни рецепти за сремаат со состојќи кои ги имате во вашите домови.

За подготовка на првиот рецепт потребни ви се следните состојки:


  • 2 кесички црн или зелен чај
  • 1 лимон
  • една чајна лажичка сол

Направете чај од топла, не зовриена вода (3 децилитри). Во изладен чај, исцедете цел лимон и додадете сол. Добро промешајте. 
Со смесата правете гаргара и испирајте го грлото и комплетно устата што подолго и тоа барем 3 до 5 пати во текот на денот. По испирањето, смесата исфрлете ја од устата. Повторувајте го ова се додека симптомите не престанат.



За подоготвка на вториот рецепт потребно ви е:

  • чај од жалфија направен во 2 децилитри вода 
  • 1 децилитар јаболков оцет 
  • еден лимон

Направете јак чај од жалфија и додадете во него оцет и сок од лимон.
Состојките добро изматете ги. Со оваа смеса правете гаргара и испирајте, особено грлото што подолго и тоа неколку пати дневно. 
Смесата не ја голтајте, туку исфрлете ја по испирањето.



 

Освен ова земете малку сода бикарбона на четкичката за заби и добро истријте го јазикот, за да ги отстраните сите наслаги од него, измијте ја устата со вода, а потоа повторно измијте ја со течност од нашите рецепти.

Се надеваме дека ви помогнавме, бидејќи овие домашни рецепти за болно грло се ефикасни и испробани.

0 коментари