Како правилно да ги миеме забите

Забите е доволно да се мијат 2 пати дневно, наутро и навечер, во времетраење од 3 до 5 минути.
На секои три месеци, четката треба да се заменува со нова. Уште подобро е ако се користат 2 четки, една за наутро, а другата за навечер.
Четката се држи под агол од 45 степени према линијата на непцата. Правете бавни кружни движења, внимавајќи врвот од четката да го задрќите на едно место.
На секој заб треба да се задржите околу седетина секунди.
Со бавни кружни движења се чистат лабијалните (надворешните) површини на забите. На ист начин чистете ги и оралните (внатрешните) страни на забите.
Со движење на четката во правец напред - назад се чистат џвакачките поврзини на горните и долните катници.
Забните конци треба да се употребуваат во случаите каде има тесни меѓузабни простори.
0 коментари