На секои 20 секунди цигарата гасне по еден живот

За Светски ден на борба против пушењето е одреден 31 мај.
После овој податок, можеби милиони пушачи ширум светот ќе се замислат пред фактот дека годишно на планетата умират околу 3,5 милиони луѓе од болести, предизвикани токму од овој најраспространет порок.
Можеби пушачите пред да запалат цигара ќе се сетат дека не само што го загрозуват сопственото здравје, туку индиректно и здравјето на другите, а ја загадуват и животната средина. Но, добро е познато дека од ароматичниот чад на цигарите тешко се одвикнува.
Милиони луѓе заболуваат точно од 28 болести, што се директно предизвикани од чадот на цигарите - рак, инфаркт, чир на 12-прсното црево и на желудникот, хронични болести на белите дробови, а кај жените стерлитет, спонтани абортуси, атолошка бременост и предвремено породување.
Од рак на белите дробови, пак, што во најголем број случаи е последица од пушењето, умираат околу 3,5 милиони луѓе или во проске на секои дваесет секунди цигарата гасне по еден живот.

Спас од постепеното уништуање на организмот со 6.800 различни отрови, колку што се смета дека содржи една цигара, не е ниту филтерот.
Поточно, истражувањата покажале дека тие што пушат цигари со филтер почесто страдаат од мозочни и срцеви удари, а уживателите на цигари без филтер имаат шанса да „заработат“ тумор на јазикот, усните, на непцата или на белите дробови и на бешиката.
Заслужни за тоа секако се агресивните јавни кампањи против пушењето, забраните за рекламирање на ово јпорок и високите даноци за производство и продажба на цигарите.
За ваше добро, како и за оние околу вас колку подобро ги оставите цигари, толку подобро, а резултатие за подобро здравје ќе видат видливи.
0 коментари