Ново

loading...

Слатките и чоколадото предизвикуваат брчки


Слатките се најголемиот непријател на кожата

Она за што сите сме најзагрижени додека уживаме во слатките и колачите е тоа што најверојатно ќе качиме некој килограм плус. 

За жал малкумина од нас се свесни за влијанието на шеќерот врз нашата кожа. 

Според некои истражувања, дамите не треба да се загрижени толку за големината на облека, како за брчките на лицето, кои слатките работи т.е шеќерот ги предизвикува.

Неодамнешните студии покажаа дека шеќерот е најголемиот непријател на кожата. Десертите водат до опуштање на мускулите кои ги држат јаболкниците притегнати. 

Во овој случај брчките се неизбежни. Стареењето на клетките на епидермисот се случува тогаш кога шеќерот во крвта на човек е премногу висок.


Во тој момент шеќерот почнува да ја напаѓа кожата и таа ја губи својата еластичност и колаген.
Односно последиците од одбивањето на слатко се слични со последиците од одбивањето на дрога. Луѓето стануваат депресивни и губат расположение долго време. 

Излегува дека многу луѓе се соочуваат со дилемата брчки или добро расположение. Ова сепак е маѓепсан круг, бидејќи колку и добро да се чувствувате од чоколадото кога брчките ќе се појават, тоа нема да влијае добро на вашиот изглед.

0 коментари