Ново

loading...

Сокот од калинка - штити од рак на простатата и срцеви заболувања

Најздравите придобивки од калинката се значителни. 

Резултатите од истражувањата во врска со неговите квалитети покажуваат дека една чаша сок од калинка дневно, штити од рак на простата кај мажите.


Освен тоа спроведените истражувања покажале дека сокот од калинка значително го забавува развојот на рак на простата. 



Пациентите кои страдаат од рак на простата можат да го забават темпото на ширење на канцерот во организмот.
Но калинката и сокот од ова „непроценливо“ овошје се препорачливи и за клинички здравите пациенти!


Калинката содржи повеќе антиоксиданти од кој и да било друг плод и 3 пати повеќе антиоксиданси од зелениот чај или црвеното вино. 
Познато е дека секојдневната доза сок од калинка ја подобрува циркулацијата и протокот на крв кај пациенти со срцеви заболувања. 
Освен тоа сокот од калинка го намалува нивото на холестерол во крвта и е одличен извор на витамин Ц и фолна киселина.


Постојат различни видови на сок од калинка - природен, кон кој не се додадени засладувачи и концентрат, кој се разредува со вода , како и горчлив сок од калинка, кој обично се користи за готвење.

Па затоа лекарите препорачуваат истовремено со сокот од лимон и водата кои најчесто се користиат како средство за прочистување на желудникот, да консумирате и сок од калинка - тој ќе ја подобри како функција на срцевиот мускул така и состојбата на простата кај мажите.

0 коментари