Запечен карфиол со павлака за готвење и кашкавал

Потребни состојки за овој вкусен рецепт се следниве:
700-800 гр.карфиол,
3 јајца,
250 мл.павлака за готвење,
50 мл.млеко,
150 гр.кашкавал,
сол,
бибер,
сув билен зачин.
Одовјте цветови од карфиол и сварете ги во солена вода.
Наредете ги во сад во кој ќе се печат.
Изматете јајца, додадете млеко и павлака за готвење, зачинете по вкус.
Со овој прелив прелијте го карфиол.
Печете во рерна на 200 до 220 степени, околу 30 минути потоа извадете го од рерна.
Изрендајте кашкавал.
Потоа вратете во рерна, уште малку да се запече и кашкавалот да се растопи.
Добар апетит!
Овој рецепт ни го испрати: Наташа Алексовска од Куманово
0 коментари