Видео рецепт: Месо со зеленчук во слатко-кисел сос

Подготовка
Чекор 1: Месото ќе го исечкате на тенки шнитови. Маринирајте го во нишесте со масло.Чекор 2: На коцки исечкајте ја пиперката, кромидот и ананасот. Треба да бидат иста големина.
Чекор 3: Во садот за сос сипете го доматното пире, оцетот и шеќерот.
Чекор 4: Во Вок тавата ставете малку повеќе растително масло. Растителното масло е поотпорно на температура. Пржете го месото околу 15 минути.
Чекор 5: Нудлите ставете ги во зовриена вода само две минути.
Чекор 6: Во Вок тавата со месо додадете го сосот, потоа додадете ги нудлите и сервирајте.
СОВЕТ: Доколку не сакате свинско, овој рецепт може да го подготвите и со пилешко или телешко месо.
извор: Мои Рецепти
0 коментари