Ново

loading...

Зошто е важен доручекот


Нема полош доручек од филџан кафе. Докажано е дека оние кои го прескокнуваат доручекот во текот на денот согоруваат 5% помалку калории отколку оние кои појадуваат.
Нејадењето ништо од вечера до ручек следниот ден предизвикува зголемен апетит за ручек или вечера и предизвикува таложење на масни наслаги.

Освен тоа прескокнатиот доручек ги намалува резултатите при работењето. Наутро организмот бара „гориво“ за дневните обврски. Тоа не значи дека треба да се јаде јајца и сланина...
Доволно е филџан со млеко и овесни или пченични снегулки и една чаша сок. Може и дај со две парчиња двопек намачкани со џем или мед. За доручек може да се пие и јогурт кој лесно се вари и богат е со хранливи состојки.

Идеален доручек по совет на лекарите би содржил: чај со лимон, делумно обрано млеко, три парчиња двопек, три интегрални кекси, лажичка мед или џем, чаша сок со снегулки од житарици или јогурт.


0 коментари