8 знаци дали тој си игра со вас

Ако не сте сигурни за вашиот партнер, овие знаци ќе ви го дадат вистинскиот одговор.
1. Тој исчезнува
Еден ден сè е совршено: се допишувате преку целиот ден, се слушате на мобилен, навечер излегувате заедно, но другиот ден, тој не ви се јавува, едноставно исчезнува.
По неколку дена ќе добиете порака на вашиот мобилен телефон, со изговор: „Имав многу работа“. Најверојатно со оние неколку девојки, со кои во исто време се гледа.
2. Тој познава само еден начин да биде интимен
Сексот е одличен. Но, ако тој не може да ве гушне, додека заедно гледате филм, но ако од било каков физички контакт се случи права порно акција, тоа воопшто не е добро. Барем не за вас.
3. Неговите пријатели не знаат дека вие постоите
Не само што тој не ве запознал со нив, неговите пријатели воопшто и не знаат дека вие се гледате одредено време. Ако му е грижа за вас, тој ќе ве запознае со целото друштво.
4. Ви дава премногу комплименти
Сите девојки сакаат комплименти, но преголемиот број на комплименти на секој чекор е чудно.
Особено ако неодамна сте запознаени, а тој ви вели на вас, дека сте најдобрата девојка што некогаш ја има запознаено.
5. Го нема кога најмногу ви треба
Кога е во прашање интимното дружење и сексот, тој секогаш е слободен. Но, кога ќе ви биде најмногу потребен, рамо за плачење, тој одеднаш има сто обврски, кои не може да ги одложи.
6. Му е потребно многу време за да ви одговори на вашите пораки
Без разлика дали е со друга девојка или само си игра со вас, Вие не заслужувате да бидете негова играчка.
7. Неговите зборови не се совпаѓаат со тоа што го прави
Без разлика дали сакате тоа да го признаете или не, делата зборуваат многу повеќе од зборовите и истите никогаш не лажат.
Дури и ако тој ве уверува дека вие погрешно сте ги процениле работите, но и понатаму не се однесува кон вас на начин кој што мислите дека го заслужувате, само продолжите понатаму и не вртете го погледот назад, одете напред со сигурен чекор.
8. Го имате тоа чудно чувство
Можеби вам со него ви е убаво, но сепак ви имате чувство дека нешто не е во ред... Таквото чувство ретко греши.
0 коментари