Ново

loading...

Видео рецепт: Брз италијански појадок


Фичо ќе ни даде идеја за брз, вкусен и раскошен појадок на италијански начин. Ние ова би го јаделе во секое време!




Подготовка

Чекор 1: Исецкајте ги пиперките, кромидот и лукчето. Во тавата загрејте малку маслиново масло и пропржете ги исечканите состојки. Зачинете со сол и тргнете на страна.
Чекор 2: Готовото лиснато тесто расукајте го и постелете го во Ростер тавата. Врз лиснатото тесто наредете ги парчињата варена шунка и италијанска салама. Изматете ги јајцата и сипете ги и нив во Ростер тавата. Потоа пржените пиперки со кромид и лук.
На крај додадете го и ренданиот кашкавал.
Чекор 3: Печете во загреана рерна на 175 степени 30 минути.
Чекор 4: Сервирајте!
СОВЕТ: Не го сечете веднаш, оставете го да одмори 10-15 минути!

ComplexityЛесноPersons6 лицаTime30 мин – 60 мин
Состојки
  1. 3 пиперки во разни бои
  2. 1 главица кромид
  3. 1 чешне лук
  4. 1 пакување лиснато тесто
  5. 100 гр. варена шунка
  6. 200 гр. италијанска салама u2013 салами
  7. 8 јајца
  8. 200 гр. кашкавал (ајдамер)
  9. 50 гр. рендан пармезан
  10. малку маслиново масло
  11. сол и свежо мелен бибер

Извор: МоиРецепти

0 коментари