Ново

loading...

СМС трикови: Со овие пораки ќе го привлечете неговото внимание


Ги разменивте вашите броеви, на социјалните мрежи сте пријатели, сте се допишувале неколку пати...

И тоа е целата приказна! Дали сте подготвени за понатаму, да поминеме на следното ниво, но не знаете на кој начин да го привлечете неговото внимание за да ве повика да излете.

Да привлечете нечие внимание и да го задржите не е баш така лесно, пишува сајтот „Cosmopolitan“.

Откако ќе притисните на „send“, следното што треба да направите е да причекате и да се запрашете дали сте доволно забавни и доволно слатки за да го добиете заслужениот одговор и евентуално повик за да излезете. Овие 4 пораки сигурно ќе го дадат посакуваниот резултат.

1. Ќе полудам од обврските на работа! Ајде, одвлечи ми го вниманието на нешто убаво.

Без сомнение ваквата порака ќе му го привлече вниманито, а тоа ќе се види со неговата насмевка на лицето. И најверојатно ќе се обиде да мислите на нешто убаво. Може дури и да добиете повик за излегување! Се разбира, не заборавајте да ставите смајли на крајот од пораката!

2. Замисли што правам во моментов! Ја гледам најновата епизода од „Game of Trones“, со пуканки и се прашувам кој ќе ми прави друштво.

Доколку флертувате веќе со недели, но никако да го направите првиот чекор кој и двајцата го сакате, тоа е најдобар начин да се започне. Искористете го тоа што најмногу сака да гледа или слуша и свртете ја ситуацијата во своја полза. Ние сме сигурни дека нема да има срце да одбие вакво сценарио, а во секоја случај ќе оставите впечаток на самоуверена девојка на која не и е глупо да го направи првиот чекор.

3. Еј, како беше работниот состанок (или испит доколку е студент) ?

Едноставна, но многу корисна порака со која му давате до знаење дека не сте го заборавиле тој важен настан во неговиот живот. И сигурно допишувањето нема да се заврши само со одговор: „Одлично - Лошо“.

4. Во моментов слушам (напишето го името на бендот, пејачот) и се сетив на тебе. Што правиш ?

Со оваа едноставна порака уште еднаш јасно му давате до знење на вашиот понтенцијален избраник дека внимателно слушате за неговиот музички вкус, хоби и слично. Убав начин да се стави до знаење дека помислувате на него во текот на денот и нема шанси да остане рамнодушен.

0 коментари