Ново

loading...

Најубавите градови на поранешна Југославија

Хрватската блогерка Ника Богдановиќ нè носи на патување низ поранешна Југославија и градовите што оставиле посебен впечаток. Оние кои добро ги познаваат овие простори знаат дека вреди да се патува низ нив, а за оние кои не ги знаат, треба што побрзо да ги посетат.

Овој дел од Европа е нешто помалку популарен, но факт е дека многу луѓе не се запознаени со оваа област. Некои од вас можеби не сте слушнале за овие места, но никако не смеете а да не ги посетите. Меѓутоа, повеќето луѓе кои ги посетиле барем некои од градовите во регионот, се вратиле со повеќе искуства. Еве неколку градови од поранешна Југославија кои морате да ги посетите.

Љубљана



Овој мал дијамант со околу 270 000 жители е главен град и најголем град на Словенија. Реката Љубљаница која тече низ центарот на градот, поминува покрај барокни згради и древникот замок на ридот. Атмосферата на овој град е многу пријатна и релаксирана. Градот не е голем, па секаде можете да пешачите и уживате во обоените згради и шармантните паркови. Посетата на трите мостови на реката Љубљаница (три моста кои што се оделени еден до еден), Змејскиот Мост, Љубљанската тврдина, и плоштадот Прешерн. Љубљана е особено убава во текот на летото, кога е домаќин на многу музички настани, улични перформанси и бројни работилници.

Загреб


Главниот град на Хрватска се наоѓа на реката Сава, во подножјето на планината Медведница. Овој град со околу 800 000 жители се карактеризира со Австро-унгарска архитектура, многу паркови и шармантни мали улици, што е една од причините за да привлекува туристи од целиот свет. Пружете си себеси вистинско уживање и посетете го историскиот Горен град, каде можете ја да видите црквата свети Марко, катедралата, каменитата врата или прошетајте по Штросмаер (популарниот Штрос) плоштад. Во долнито дел од градот се исплати да се посети цветниот пазар, Хрватскиот народен театар, Плоштадот Крал Томислав и Зрињевац. Загреб е познат и по својата култура, да се седе во кафичите и ресторантите со часови. Изнајмувањето на велосипед може да биде добра идејата, затоа што повеќето од знаменитостите можете да ги видете возејќи велосипед.



Белград

Главниот и најголем град на Србија се наоѓа на устието на реките Сава и Дунав, а во него има вкупно население од 1,3 милиони жители. Историското јадро на градот се наоѓа на бреговите на двете реки. Тука можете да ги посетите тврдината Калемегдан, националниот музеј, Националниот театар и улицата Кнез Михајло. Ако сте заинтересирани за историјата, треба да ја посетете куќата на цвеќето (мавзолејот на Јосип Броз Тито), или белата палата (поранешната кралска резиденција на Караѓорѓиевиќ). Во случај да барате рекреација, можете да ја посетете Ада Циганлија, поранешен остров на реката Сава, кој што денес е споен со обалата од десната страната, со што се формира вештачко езеро. Културата во ресторантите, бaрoвите, кафулињата е уште по изразита отколку во Хрватска. Покрај тоа, Белград има добра репутација, поради добриот генијален ноќен живот: многуте клубови и барови со различната музика ќе ги пронајдете лесно.


Сараево


Најголемиот и главниот град на Босна и Херцеговина, со население од 370 000 жители, често се нарекува како „Ерусалим на Европа“. Тоа било многу долго време, се до крајот на 20 век, единствениот голем европски град кој имал џамија, Католичка црква и Православна црква и синагога, речиси на едно исто место. Градот е одличен пример за турбулентната историја, но, исто така, на толеранцијата. Кога Западната и Источната Римска Империја се поделила, католиците, православните и мусламаните морале да се научат да живеат заедно. Иако не многу, Сараево е жив град, познат по својата разновидност, пријателските луѓе и фантастичната храна. Секако морате да го осетите и магичниот Стар град (по моето скромно мислење најубавиот стар град на Балканот), Академија на ликовни уметности, Латинскиот мост, Жолтата тврдина, Градското собрание. А ако ви се допаднала културата на ресторани, барови, кафулиња во Хрватска и Србија, овде ќе бидете воодушеви. Сараево е познат по своите одличното кафе и извонредната храна.

Нови Сад


Главниот град на Војводина, автономна покраина во Србија. Таа се наоѓа меѓу Будимпешта и Белград, и има 250 000 жители. Овој скапоцен културен центар најпознат по Петроварадинската тврдина, каде нема ниту еден непријател, но го има „EXIT“ фестивалот кој се одржува таму од 2000 година, кој покрива различни музички жанрови и дава можност на многу луѓи од целиот свет да играат и уживаат до бесвест. Не заборавајте да ги посетите, старото градско собрание на плоштадот Слобода, катедралата на Свети Ѓорѓи, црквата Света Богородица и Дунџерскиот замок - прекрасна градба северно од градот.

Мостар


Овој град беше најмногу гранатиран од сите босански градови за време на војната и се здобил со сериозни последици. Најпознат е Стариот мост на реката Неретва во центарот на градот. Тој е обновен по војната, а во изградбата се користени оригинални делови извлечени од реката. Како и Стариот мост, значаен дел од градот бил обновен, па Мостар повторно станува енергична и убава дестинација. Отоманската Архитектура, преполните пазари и пријателските луѓе го прават Мостар едно од најубавите места за посета на Балканот. Прошетајте по Стариот град, не се обидувајте да скокнете од Стариот мост, разгледајте ја Коски Мехмед- Пашина џамија, седнете покрај реката и нарачајте ќебапи и баклава!

Будва


Се наоѓа во центарот на црногорскиот брег, оваа дестинација во стилот на Монте Карло е развиена на малиот полуостров - на кој се наоѓа и Стариот град. Богат ноќен живот, луксузни летувалишта и многу убави плажи се причина поради која се развива масовниот туризам. Некои ваквиот тип на туризам го сметаат за одвратен,  па во тој случај може да се фокусирате на навистина шармантниот Стар град, неговите прекрасни камени куќи, мали улучки, барови, мини-барови и ресторани и плажи низ градот. Ако вам ви се игра и излегува, посетете го „Top Hill“, најдобриот клуб во Црна Гора.

Охрид


Охрид е град во југоисточниот дел на Македонија, на брегот на Охридското Езеро. Поради својата богата историја, УНЕСКО го стави на листата на светско наследство. Сместен е во подножјето на планината Галичица и езерото на кое неговата геолошка старост се проценува на околу 2-3 милиони години и како такво е најстаро во Европа, освен што оваа место има историско значење, туку и неверојатна природна убавина. Ова е причина зошто многу луѓе одат таму за време на жешкте македонски лета на одмор. Со опуштање покрај езерото или уживање во ноќниот живот, вреди да се посетат многуте стари цркви и манастири. Посетете ја црквата Свети Софија и живописната црква Свети Јован Канео. За љубителите на историјата има прекрасна историска тврдина на ридот, Самуиловата тврдина.

Дубровник


Дел од светското културно наследство на УНЕСКО е и еден од најпознатите туристички градови на светот кој е познат по својот импресивен стар дел на градот, кој е опкружен со масивни ѕидови од 16 век. Дури и креаторите на „Игри на престолот“, ја препознаа неговата убавина, што е една од причините зошто оваа серија е токму тука снимена. Тој исто така е познат и по својата неверојатна архитектува и споменици, извонредните цркви и музеи, и енергичната атмосфера. Прошетајте по должината на ѕидовите и Страдун (главната улица), а за најдобрите погледи, искачете се на планината над градот и уживајте во незаборавен поглед.

Котор


Котор е крајбрежен град во Црна Гора, познат по својата средновековна архитектура и природа што го зема здивот. Се наоѓа на работ на Которскот залив (природен фјорд како залив). Градот се развил околу Стариот град, кој е, исто така, за светско културно наследство. Онаа што е факт за Котор е тоа дека е изграден како лавиринт за историски потреби (заштита на градот), и тоа може да доведе лесно да се загубите (понекогаш се губат дури и локалните жители). Сепак, за справување помагаат спомениците, како што се катедралата на Свети Трифун од 12 век. Искачете се на ѕидините и уживајте во прекрасниот поглед, една од задолжителните работи е да го посетите овој град.

0 коментари