Село без улици, со 180 дрвени мостови
Гиеторн е село кое што е основано во средниот век, поточно околу 1230 година, кога во тој дел од Европа пристигнале бегалци од Медитеранот.
Гиеторн стана познат во светот откако таму биле снимени делови од филмот „Fanfare“.
Долго време, на некој начин, било вистинска еколошка зона, бидејќи во самото село немало автомобили, кои останувале надвор од селото, но во последновреме се прават исклучоци во одредени ситуации.
Во стариот дел на селото нема улици, само велосипедски патеки, а сообраќајот претежно се одвива преку големиот број на канали (кои имаат вкупна должина од околу седум километри), додека пешаците можат да поминат преку овие канали на дури 180 мали дрвени мостови.
Особено е интересно тоа што туризмот има мало директно влијание врз развојот на Гиеторн, кој сè уште го има задржено својот стар изглед. Во него може да се видат куќи на еден кат, како традиционален изглед, од кои некои се стари и по двесте години.
Во оваа село моментално живеат околу 2600 жители.

















0 коментари