Ново

loading...

Живот во облаци: „Највисокото“ европско село

Во Грузија, на 2191 метри надморска височина, се наоѓа „највисокото“ село во Европа, Ушгули.


Ушгули е составено од четири помали села, Zhibiani, Chvibiani, Chazhashi и Murqmeli. Селото изгледа доста запуштено, тоа можете да го видите и на фотографиите, но тоа не треба да ни биде чудно, со оглед на неговата отсеченост од остатокот од Европа. Тука владее стариот грузиски традиционален начин на живот.

За оние кои се љубители на зимата, оваа место ќе биде сигурно интересно. Планините се околу половина година покриени со снег.

Во селото постои капела постара од илјада години, а дел од објектот е и под заштита на УНЕСКО.

Во оваа грузиско село живеат околу 200 жители.





0 коментари