Ново

loading...

Град без пари, политика и автомобили

Ауровил (Градот на Зората) е експериментален град во индиската сојузна држава Тамил Наду, кој што е основа во 1968 година. Тој е дизајниран да им помогне да луѓето да живеат во мир и хармонија, без оглед на нивната националност и религија.


Град е дизајниран од страна на Роџер Анге.

Секој жител има своја улога, но најголемо внимание се посветува на образованието и развојот на креативни вештини.

Иако првично беше замислено во Ауровил да живеат околу 50.000 жители, денес во овој град живеат околу 1800 возразни луѓе и околу 500 деца кои доаѓаат од различни држави.

Најголемиот број на жители е од Индија (околу 1000), а стотици жители доаѓаат од Франција, Германија и Италија. Но има и значителен број на Американци, Руси, Шпанци и Швеѓани, неколку Јапонци, Кореанци и Австралијанци, и дури шест луѓе од Словенија.


Градот е делумно финансиран од донации, главниот извор на храна се органски прозиводи кои самите жители ги одгледуваат. Заработуваат преку производство на хартиена конфекција и миризливи стапчиња кои потоа ги продаваат во соседните села и градови и на тој начин остваруваат профит.

Онаа што е интересно да се напомене за овој град е тоа што не постојат банкноти и монети, а сите жители користат кредитни картички и електронски сметки за размена на добрата. Секој жител дава дел од својата заработка за градскиот буџет.

Уште еден интересен факт за овој град е тоа што главното превозно средство е мотор, автомобили овде нема.

Градот има автономија и е самостоен, а со тоа не одговара никому, нема ниту внатрешна ниту надворешна политика. Жителите секој ден одат во храмот кој што е сместен во центарот на градот, каде што се препуштаат во исполнување на внатрешниот мир преку јога и медитација.






0 коментари