Ново

loading...

ТОП 10 „најнељубезни“ градови

Колку ќе уживате во посетата на еден град, во голема мера зависи од добрата волја и расположението на локалното население. Ако се судрите со непријателска атмосфера, туристите, најверојатно, нема да се вратат на тоа место. Списанието „Travel + Leisure“ одлучи да ги открие кои градови се најмалку пријателски расположени.

Москва
На прво место на листата на најнељубезни градови се наоѓа Москва и тоа благодарение на локалното население, кои не пружаат помош и нивните општи резервации, пишува „Independent“. На второто место на листата се најде америнаскиот Атлантик Сити, кои на читателите им е опишен како забавен за оние кој сакаат да се коцкат и не им сметаат непријатните луѓе. 

Што е со „топлата словенска душа?!“ Повторно се враќаме во Русија, бидејќи Санкт Петербург го освои третото место на најнељубезни градови. Французите од Марсеј го освоија четвртото место, додека покрај сета слава и познатиот ноќен живот Лос Анџелес се најде на петтото место.

Лос Анџелес
Да, Американците не се многу љубезен народ, а тоа сведочи со фактот дека од 10 најнељубезни градови во светот, дури шест се наоѓаат во САД. На шестото место е Њујорк, на многумина еден од омилените светски градови. Филаделфија е на седмо, а Балтимор е на осмото место. Деветтото место за најнељубезен град му припадна на „градот на гревот“ Лас Вегас, и таму тамошното население не се покажало во најдобро светло со справувањето со туристи. Од друга страна, пак, во обид да ги импресионира сите гости на лукзуз и гламур, Кан не успеа да се покажа и докаже, па со тоа се најде на десетото место на овој непопуларен список.

Кан
Врз основа на оваа листа можеме да кажеме дека некои од омилените светски градови, познати по ноќниот живот, богатата култура и вкусната храна, дека би можеле да научат нешто повеќе кога станува збор за љубезноста. Според оценката на туристите, најљубезни се Голвеј во Ирска и Единбург во Шкотска, каде што тамошното население е опишано како најпријателско.

Фото: Wikipedia

0 коментари