Ново

loading...

Наташа Алексовска - Малечка со учество на конкурс


Авторката Наташа Алексовска - Малечка од Куманово учествуваше на конкурс организиран од Милица Паулус, во љубовна антологија, под името - „Љубовен Чардак“, испечатена од Издавачка дејност за наука и култура „НОВА“ од Битола.

Авторката Алексовска учествуваше со три нејзини љубовни песни.

Наташа за Животен Стил изјави: „Секаде каде што учествува на конкурси се водам од мојата дефиниција, дали темата која е дадена на конкурсот одговара и може на неа да се пишува, не сум човек што само учествува колку да кажал дека учествувал на конкурис, и напише нешто колку да се каже дека напишал.“

„Што се однесува до овој конкурс, темата беше љубовта, на таа тема може да се пишува и пишува, без разлика дали е поезија или проза, таа е наша муза во пишувањето тука нема дилеми, бидејќи се што е поврзано со љубов и напишано со многу љубов, тоа вреди, впрочем како што се и моите три песни за љубовта, на овој конкурс“ додаде Наташа.

Во продолжение песните на Алексовска:



                            ЅВЕЗДА
Ти  си мојата ѕвезда водилка низ животот,
ме  водиш насекаде и ми го осветлуваш патот,
секогаш заедно ја одиме нашата патека на животот
до самиот крај,
без разлика колку и да е тешка за нас самите,
која  над мене бдее ден и ноќ
 свети цела ноќ над мојот прозорец
се додека не изгрее првиот сончев зрак,
не дозволува никој да ме повреди
 и е моја светлина во тунелот полн со мрак,
затоа ти си моја ѕвезда,
ќе бидеш засекогаш само моја,
бидејќи Јас  ќе те чувам и не те давам на никој друг.

                       ТВОЈОТ ГЛАС
Твојот глас е е неповторлив, необичен,
а уникатен на свој начин,
секој твој изговор  шушка
како кога Јас и Ти трчиме заедно на кеј,
под нозете ни шушка есенскиот лист или
како кога гмечиме грозје со нашите нозе или
кога возиме велосипед со нашите шушкави тренерки
со секое вртење тркало на велосипед
го слушаме нашето шушкање на тренерките или
кога наутро ме будиш за да ми посакаш добро утро,
Јас во сон ти го слушам твојот шушкав глас
и навечер ми посакаш лека ноќ,
но што е важен гласот,
кога  Јас  тебе те сакам од срце и душа,
макар бил и шушкав гласот - мене тоа не ми пречи,
кога знам дека Ти си засекогаш мој принц од бајките.


                              ПОДАЈ МИ РАКА
Подај ми рака кога ти е најтешко да те задржам и спасам
за да не паднеш во некоја бездна,
кога си среќен да те прегрнам од срце
секогаш на нашите успеси  заедно да се радуваме и славиме,
кога си тажен - проаѓаш низ сите твои тешки моменти јави ми се,
тука  сум  Јас секогаш за тебе
да те сослушам и пријателски совет од срце да ти дадам,
ако  треба и моето рамо за плачење.
Едноставно подај ми рака,
секогаш заедно еден за друг да се држиме во добро и лошо ,
т.е. се додека смртта не не раздели нас самите.



0 коментари