Ново

loading...

Анри вели: Вака ќе изгледа Манчестер Сити следната сезона


Легендарниот напаѓач на Арсенал, кој сега е стручен консултат на телевизиската куќа „Sky Sports“, Тјери Анри изјави дека Пеп Гвардиола е перфекционист кој ќе се бара максимум од секои во Манчестер Сити.

„Јасно е дека тој ќе бара максимум од сите, и од човекот кој подготвува кафе во Сити“, објаснува поранешниот напаѓач на Арсенал и Барселона.

Исто така додаде дека, Пеп ќе сака конкуренција за секое место во тимот.

„Секогаш ќе мора да постојат двајца кој ќе се борат и по можност да бидат со сличен квалитет, со што никој не би бил сигурен. Исто така е познато како тој посакува неговиот тим да игра, мислам дека ова е крај за Јаја Туре во Сити“, додаде Анри.

Би можел да си замине и Џо Харт.

„Гвардиола инсистира да сè започнува од голманот, да тој игра како штопер, погледнето го Нојер, такво нешто може да игра и Тер Штеген, но не и Харт. Јас не знам дали Џо ќе остане, но неговото место може да биде загрозено“, рече Анри.

Тој верува дека најмногу промени би можело да има во средниот ред, типува на тоа дека Погба и Гундоган би дошле во Манчестер, додека пак одбраната останува иста.

Ова е тимот што Анри го очекува следната сезона.





0 коментари