Вечерва започнува изборот за песна на Евровизија 2016

Евровизијата оваа година се одржува во Стокхолм, во „Глоуб арената“, Шведска. Вечерва и официјално ќе стартува најголемото музичко натпреваруње во светот. Со почеток од 21 часот ќе имаме можност да ја проследиме првата полуфинална вечер од 61. издание на Евровизијата.
Во првото и второто (12 мај) полуфинале ќе се претстават по 18 земји, од кои пласмат во финале обезбедат 10. Оние 20 земји кои што ќе обезбедат пласмат за во големото финалето, ќе се придружат на постојаните учесници во финалето, а тоа се Шпанија, Велика Британија, Германија, Франција и Италија, како и земјата која е домаќин, а оваа година тоа е Шведска.
Ова година ќе учествуваат вкупно 41 земја од Европа и Австралија, Македонија оваа година ја претставува Калиопи со песната „Дона“, а ќе ја слушнеме во втората полуфинална вечер, под реден број осум.
Во првото полуфинале ќе настапат претставниците на Финска, Грција, Молдавија, Унгарија, Хрватска, Холандија, Ерменија, Сан Марино, Русија, Чешка, Кипар, Австрија, Естонија, Азербејџан, Црна Гора, Исланд, Босна и Херцеговина и Малта.
Во втората полуфинална вечер ќе настапат, Летонија, Полска, Швајцарија, Израел, Белорусија, Србија, Ирска, Македонија, Литванија, Австралија, Словенија, Бугарија, Данска, Украина, Норвешка, Грузија, Албанија и Белгија.
Во финалето ќе има вкупно 26 земји.
0 коментари