Наташа Алексовска со награда за расказот „Те сакам“

Писателката Наташа Алексовска - Малечка се врати со награда за расказот „Те сакам“ на конкурсот „Вознес 2014“ организиран по повод една година од смртта на доајенот на Македонското и Битолското новинарство - Димитар Димитровски - Такец.
Сите оние наградени дела ќе се најдат во книгата „Битола, момо нагиздена“.
„На конкурсот јас учествував со моите песни - „Песна за љубовта“, „Ѕвезда“, „Која сум јас без тебе“ и „Верувај во себе“ и со моите раскази „Сончоглед и живот“ „Болка“ „Те сакам“ и „Колку вреде еден човечки живот?“ изјави Алексовска за Животен Стил.
0 коментари