Ново

loading...

Пелистер се врати во Првата македонска фудбалска лига

ФОТО: sportmedia.mk
Битолски Пелистер по една сезона помината во рамките на Втората лига се врати во елитата, откако во реваншот го победи Хоризонт Турново со минимални 1:0. Единствениот погодок го постигна Кузманов во 62. минута од натпреварот.

Во првиот натпревар битолчани славеа со 2:1, и со вкупен резултат од 3:1 го елиминираа Турново и се вратија во Првата македонска фудбалска лига.


ФОТО: sportmedia.mk
Покрај Пелистер, во Првата лига се вратија и Победа и Македонија ЃП. Хоризонт Турново од следната сезона ќе игра во рамките на Втората македонска фудбалска лига. Оваа сезона покрај Турново, прволигашкот статус го изгубија и Металург и Царев Двор, кои исто така од следната сезона ќе играт во Втората лига.

0 коментари