Ново

loading...

Apple би можел да заврши како BlackBerry ?


Изминатите месеци не беа лесни за Tim Cook и Apple, кои забележаа пад на приходите и профитот во првиот квартал од оваа година. Прв пат е намалена и продажбата на Iphone, додека на кратко време Alphabet го надмина Apple и стана највредна компанија на светот.

Покрај тоа, Ipad се продава се помалку и помалку, а Apple Watch, е продаден само во 12 милиони примероци, не ги воодушеви купувачите, а ниту пак го раздвижи пазарот на паметните часовници, како што и предвидоа аналитичарите.

Поради тоа, во последно време може да се слушнат песимистички сценарија за иднината на Apple, па така познатиот програмер и претприемач, Marco Arment на својот блог напиша дека Apple би можел да ја претрпи судбината на BlackBerry, компанија која средината на минатата деценија доминираше на пазарот на телефони, но неговиот пад започна веднаш по претставувањето на iPhone.

Arment вели дека BlackBerry правеше одлични телефони, но Iphone донесе целосна револуција.

„Apple радикално ја промени дефиницијата на паметниот телефон и BlackBerry повеќе не можеше да му биде конкуренција“, рече Arment додавајќи дека од 2007 година, ниту една нова инвестиција, ниту промена во менаџментот или било каква друга промена не успеа да ја спаси оваа компанија. Едноставно тоа беше премногу доцна.

Денес, Apple би можел да настрада затоа што не вложува доволно во ресурсите и во развојот на вештачката интелегенција, додека компаниите како Amazon, Facebook и Google направија големи резултати на тоа поле, бидејќи тие веруваат дека гласовните команди ќе бидат следниот начин на кој ќе се управува со телефони.

„Ако тие се во право, а треба да го истакнеме зборот "ако", тогаш јас сум многу загрижен за Apple“, рече аналитичарот.

Apple заостанува зад конкуренцијата во оваа област. Да претпоставиме, Amazon Echo е многу подобар во разбирањето и препарувањето на песните, Google ја имплементира технологијата во Google Now и Photos, па сервисот за чување фотографии може да препоразнава личности на сликите без потреба од означување.

Иако некои корисници на Twitter коментирале дека BlackBerry и Apple не може да се споредат, бидејќи овој има околу 200 милијарди долари кои може да се вложат, меѓу другото, и да ја превземе компанијата која ја развива вештачката интелегенција, но потсетуваат дека не мора да значи дека секогаш ќе се заврши она како што би посакувале.

На пример го наведува Мicrosoft кој плати повеќе од седум милијарди долари за Nokia, да потоа накнадно ја отпиша таа вредност, дадоа отказ на илјадници вработени и се откажа од Lumia паметните телефони.

Тешко е да се замисли дека Apple би можел да доживее крах за каков што зборува Arment, но исто така никои не веруваше дека би можело да се случи, тоа што се случи со BlackBerry и Nokia.

0 коментари