Ново

loading...

Соларниот авион пристигна во Њујорк


Авионот на соларна енергија „Solar Impulse 2“ пристигна денес од американската држава Пенсилванија во Њујорк, во последната етапа од летот на америнанскиот континент, во рамките на патот околу светот кој го започна пред една година.

Авионот кој што е швајцарски производ полетал доцна синоќа по локално време од меѓународниот аеродром „Lehigh Valley“ во Пенсилванија и пристигна денес во Њујорк.

„Тоа е апсолутно неверојатно! Ова е како сон“, изјави швајцарскито пилот Andre Borscherg говорејќи од авионот додека го прелета Њујорк и следа на аеродромот „John F. Kennedy“.

Авионот кој е во Пенсилванија од 25 мај требаше да полета за Њујорк во понеделникот, но поради лошите временски прилики тој лет е одложен.

На патот околу светот, овој соларен авион полета од Абу Даби во март 2015 година. Авионот направи пауза во Оман, Мјанмар, Кина и Јапнија. Најризичниот дел од патувањето беше летот над Пацификот.

Последната ауза во САД ќе биде во Њујорк, од каде што ќе продолжи со летањето преку Атлантикот, во Евопа или Северна Африка.

0 коментари