Ново

loading...

ФОТО: Најстрмната улица во светот

Улицата Болдвин во Нов Зеланд е најстрмната улица во светот - се наоѓа во градот Данидн и претставува вистинска туристицка атракција.



Градовите изградени на падините на планините се вообичаени во Нов Зеланд, а еден од нив е градот Данидн.

Улицата Болдвин е долга само 350 метри и е официјално најстрамната улица во светот.

Поради големата стрмнина, улицата Болдвин на горниот дел е обложена со бетон, бидејќи асфалтот во топлите денови при високи температури може да се лизга по стрмнината.

Улицата е дизајнирата од страна на британски инженери кои всушност никогаш не стапнале во Нов Зеланд, туку напамет го направиле овој проект, гледајќи ја мапата. Улицата е изградена во средината на 19 век.

0 коментари