Ново

loading...

Совети за подобар живот: 28 дена до поздраво срце

Овие совети се одлични почеток за подобрување на вашиот кардиоваскуларен систем и спречување на болести на срцето. Секој ден испробајте по еден совет, а потоа колку што е можно применувајте ги во вашиот живот.



1. Пијте по една чаша зелен чај

Зелениот чај е богат со антиоксиданси и други супстанции кои го регулираат холестеролот и крвниот притосок.

2. Читајте ги етикетите

Кога станува збор за возрасните, процентот на масти во исхраната не треба да надминува 30 отсто, исто така, треба да се обрне внимание на внесувањето на сол и разни адитиви кои можат да бидат штетни.

3. Испрабајте ја далматинската кујна

Користете маслиново масло, медитерански зачини и риба.

4. Спијте добро

На возрасните им е потребен сон од седум до осум часа, па затоа немојте да ја намалувате оваа бројка. Додека спиете, вашето тело се бори против стресот ослободува хормони кои се шират на артериите и се намалува ризикот од срцеви заболувања.

5. Во исхраната внесете интегрална житарица

Заменете го белиот леб со интегрален, за доручек користете житарици, а исто така направете слични промени и во целокупната ваша исхрана.

6. Најмалку еднаш неделно јадете риба

Рибата е богата со омега-3 масни киселини кои го намалуваат ризикот од срцев удар за 52 проценти, ако се внесува во доволни количини.

7. Започнете го денот со лимонада или сок од портокал

Важно е сами да го цедете сокот или да го бирате оној 100% овошен сок како би имале корист од него.

8. Направете простор за зеленчук

Јадете свеж зеленчук како салата со секој главен оброк. Но, бидете внимателни да не додадете масни преливи, за да немате повеќе штета отколку корист.

9. Користете ги оревите каок грицки

Наместо чоколадо и чипс, подобро одлучете се за грицкање на бадеми, ореви, лешници, или нешто слично.

10. Одете најмалку 20 минути на ден

20 минути на ден значително ги намалува шансите за дијабетис тип 2 мимимум.

11. Храна што се намачкува

Овој вид на храна да биде лесна за консумирање, по можност од растително потекло збогатена со омега-3 масни киселни.

12. Пробајте ленено семе

На некој начин, обидете се да го внесете во вашата исхрана, или во форма на масло или на некој друг начин.

13. Започнувајте го и завршувајте го денот со истегнување

Луѓето кои се флексибилни имаат по флексибилни артерии за околу 30 проценти. Одвојте 10 минути пред спиење и по будењето за истегнување.

14. Виното е добор за вас

Научниците велат дека 1 dl вино дневно го намалува ризикот од срцев удар. Со вечерата, стекнете навика на пиење на квалитетно вино.

15. Во вашата исхрана внесете ја сојата

Го намалува нивото на холестеролот и зезема многу важно место во здравата исхрана.

16. Гответе со бел лук

Не претерувајте поради непријатниот мирис, но еден ден во неделата готвејте со бел лук.

17. Бидете активни

Вежбањето не мора да биде досадно. Секогаш се трудејте да внесете нешто ново и забавно.

18. Престанете да глумите

Еден од најголемите извори на стрес е да се обидувате да живеете живот кој не е во согласност со она што сте вие.

19. Медитирајте 5 минути

Истражувањата покажуваат дека го намалува нивото на стрес, со што се намалува ризикот од срцеви заболувања.

20. Вашата духовна страна

Истражувањата покажуваат дека оние кои ја практикуваат религија живеат подолго и имаат помалку срцеви напади.

21. Дружете се

Силните врски со семејството, пријателите и заедницата ја намалува анксиознаоста и депресијата, два фактори кои го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања.

22. Земете витамин Д и рибино масло

Рибино масло, според многубројни студии, е голем борец против болести на срцето.

23. Направете нешто убаво за партнерот

Има многу докази дека луѓето во здрава врска или брак, живеат подолго и имаат поздраво срце.

24. Заменете го млечното со темно чоколадо

Темно чоколадо е поздраво, па дури и некои студии покажуваат како може да го намали крвниот притисок. Чоколадо кое треба да го јадете треба да има најмалку 75% какао.

25. Не пушете

Не пушете и избегнувајте ги просториите каде што се пуши

26. Земете банана

Нутриционистите тврдат дека банани помагаат во намалување на крвниот притисок.

27. Намалете го внесувањето на шеќер

За да се намали внесувањето на шеќер, внимавајте колку го внесувате преку засладените пијалаци и сокови.

28. Смејте се

Научете да се смеете рво на себе, а потоа на другите и со другите.

0 коментари