Со помош на природните билки против целулитот

Некои билки имаат диуретични својства и истите можат да бидат многу ефикасни во отстранувањето на целулитот, особено во комбинација со одреден начин на исхрана.
Во билна аптека набавете мешавина од чај од следните состојки: 50гр листови од бреза, 50гр листови од црна рибизла, 40гр листови од јасен, 40гр листови од хамамелија, 40гр увин чај, 10гр анис. Ставете еден грст од оваа мешавина во сад во кој претходно сте сипале 1 литар студена вода. Оставете го чајот да врие три минути, а потоа да отстои 10 минути. Потоа процедете го.
Секој ден испијте по еден литар незасладен чај. Овој третманот трае три недели.
Мешавина за капење: подгответе мешавина од следните состојки: 50гр цветови од врес, 50гр бобинки од клека, 50гр листови од горчлива сурутка и 50гр листови од жалфија. Ставете четири грста во вреќичка од муслин, врзете ја и потопете ја во сад што содржи 2 литра студена вода. Оставете го да врие 5 минути, а потоа да отстои 10 минути и смесата сипете ја во водата за капење. Останете во кадата најмалку 10 до 15 минути и масирајте ги деловите зафатени со целулит. Ваквото капење повторете го двапати неделно за време на еден месец, користејќи ја секогаш истата вреќичка со растенија.
0 коментари