Домашен лек против потење на нозете

Дабова кора се ситни во прав и се става во чорапите од внатрешната страна. Лекувањето е секојдневно додека потењето не се намали и исчезне.
По престанокот на потењето не е пожелно да се употребува, бидејќи може да предизвика главоболки.
При обилно потење на стапалата, треба да се прават бањи со течност во која се варела дабова кора:
50-100 г кора на 1 литар вода, се вари на тивок оган 20-30 минути.
Кај народот ова средство се смета за најдобро против потење на нозете.
Исто така, помага и миење на нозете со солена вода: 1 лажичка сол на чаша врела вода. Нозете се мијат со изладена солена вода.
0 коментари