Ново

loading...

Чај против херпес на усни

Херпесот на усните е многу непријатна појава. Покрај тоа што пецка, нервира и долго трае , може да претставува и естетски проблем. Еве како на природен начин да се ослободите од херпесот.





Потребни состојки и подготовка:

  • 1 кафена лажичка иситнет лист од жалфија
  • 200 мл зовриена вода
  • 1 кафена лажичка мелен ѓумбир
  • 1 супена лажица мед

Жалфијата се попарува со врела вода, се поклопува и се остава да отстои 15 мин. Кога ќе се процеди, се додаваат ѓумбирот и медот.

Убаво се промешува и се пие три чаши дневно.

0 коментари