Ново

loading...

Еспресо кафето е штетно

Кафето еспресо е вкусно и во тренд, но е штетно за срцето и за црниот дроб, предупредуваат здравствените работници...

Според истражувањата на холандските лекари од Универзитетот во Веренген, кафето еспресо го подигнува нивото на холестеролот и триглицеридите во крвта, што штетно влијае на срцето и на црниот дроб.

Во списанието „British medical jurnal,, се презентирани резултатите од ефектот на кафето еспресо врз здрави лица.

Тестирани се 48 лица од двата пола од 19 до 69 години, кои пиеле по шест шолји дневно, додека друга група испитаници пиеле иста доза, но филтер кафе.

Кафето еспресо го подигнало нивото на холестеролот за седум до девет насто, а на триглицеридите за 26 насто. Овие коефициенти се намалиле кога тестираните престанале да пијат еспресо.

0 коментари