Банана - извор на енергија

Бананата е добар извор исто така и на
магнезиум. Магнезиумот има многу важна улога во врзувањето на калциумот во коските и во опуштањето на мускулите.
Бананите содржат големи количини Б витамин, кој го смирува нервниот систем. Витаминот Б6, кој го има во ова овошје го регулира нивото на шеќерот во крвта, кој пак влијае на расположението. Бананата помага и при депресијата. Триптофанот, кој се наоѓа во бананата, е вид на белковина која телото ја претвара во серотонин, кој е одговорен за доброто расположение.
Бананите се полни со калиум, па затоа се одлични за намалување на крвниот притисок. Калиумот е минерал кој помага во нормализирање на отчукувањата на срцето, испраќа кислород до мозокот и ја регулира количината на вода во телото. Бананата е богата со калиум, а содржи малку сол, што ја прави совршен лек за оние кои имаат висок крвен притисок. Кога сме под стрес, нашиот метаболизам се забрзува, па нивото на калиум се намалува.
Рамнотежата може да се врати со бананата.
Бананата е богата со железо и го поттикнува создавањето на хемоглобинот во крвта. Со тоа бананата помага при анемија, а калиумот од бананата ја поттикнува концентрацијата и помнењето.
Бананата е единственото свежо овошје кое може да го земаат лицата со хронични болести на системот на варење, без да тоа предизвика некои последици кај нив. Напротив, бананата е корисна за подобрување на работата на цревата, ја намалува желудечната киселината, а со тоа и ја штити слузницата на желудникот од оштетување.
0 коментари