Ново

loading...

5 работи за хормоните

Хормоните се материи што во мали количества ги лачат жлездите со внатрешно лачење, а ги надгледуваат, на пример, растењето, метаболизмот, половото созревање, па дури и расположението.
Не можеме да ги видиме (освен под микроскоп), но и тоа како го чувствуваме нивниот ефект во секој дел од телото.

Поради хормоните, жената мора привремено да ја зголеми телесната тежина. Зголемувањето на нивото на прогестерон еден месец пред месечниот циклус може да поттикне задржување на вода во организмот, што привремено ќе ви донесе два-три килограми повеќе. Другите хормони влијаат на тоа колку ќе јадеме, праќајќи му пораки на делот на мозокот што го надгледува апетитот.

Природата се погрижила за женското либидо и количеството женско полови хормони на естроген да бидат на самиот врв токму тогаш кога се најголеми изгледите да забремените. Најчесто во тој ритам се вклупува и постојаниот партнер на жената, па во тие денови кај него половиот хормон тестостерон добива највисоки нивоа.

Ако ви се чини дека има денови кога потешко го поднесувате алкохолот, препишете им го тоа на полните хормини. Истражувањата покажале дека жената побргу се опива но текот на четирите дена кои и претходат на менструацијата. Тогаш во телото има најмногу естроген и прогестерон.
Ве мачат ли мозолчињата, најверојатно е виновен машкиот полов хормон тестостерон, кој е присутен и во телото на жената. Мозолчињата настануваат поради преголемата реакција на тестостеронот, или порад тоа што преголемото лачење на тој хормон предизвикува посилно мастење на кожата.


0 коментари