Ново

loading...

Како се подготвува освежителниот коктел Мохито



Мохито коктелот е навистина едноставен за подготвување и без проблеми ќе можете да си го направите дома. Во летниот период е најпопуларен токму Мохитото.



 

Потребни ви се следниве состојки:
  • 3 кафени лажици кафеав шеќер 
  • 1 свежа лимета
  • 1 децилитар бел рум (Havana Club)
  • 2 децилитри тоник
  • 4 листови свежо нане
  • 4 лажици дробен мраз

Едноставна подготовка:

Лиметата добро измијте ја, а потоа исушете ја, пресечете ја на половина и исцедете сок. Кората исечкајте ја во круг се со цел да добиете тенка спирала.





 Во секоја подготвена чаша ставете по една и пол лажица шеќер, а потоа полијте сок од лимета. Претходно изгмеченото нане ставете го во чаша, додадете мраз, полијте со рум, а потоа и тоник.

Бидете експерт и изненадете ги пријателите, чашите украсете ги со кора од лимета.

0 коментари