10 заповеди против ракот

1. Ако пушите, престанете што побргу и не пушете во присуство на други луѓе.
2. Намалете го консумирањето на злкохол.
3. Зголемете ја количината на свежо овошје и зеленчук во секојдневната исхрана.
4. Намалете ја телесната тежина, зголемете ја телесната активност и ограничете ја мрсната храна.
5. Избегнувајте делготрајно изложување на сонце, посебно децата.
6. На работа почитувајте ги правилата на внимателност при исложување на супстанции за кои се знае дека се канцерогени. Почитувајте ги сите хигиенски и сигурносни мерки против канцерогените супстанции.
7. Обратете се на лекар, штом ќе забележите оток или повреда која не заздравува, дури и во устата, или промената на формата, големината или бојата, секое невообичаено крварење.
8. Обратете се на лекар во случај на подолго од месец кашлање и засипнатост, промена во варењето на сраната и во мокрењето, или во случај на нагло губење на тежината.
9. Редовно правете папаниколау-тест.
10. Најмалку еднаш месечно прегледувајте си ги градите (за жените).
0 коментари