Ново

loading...

Одговорете со ДА или НЕ на овие прашања, па ќе видите дали сте подготвени за диета

















Одговорете со да или не на следните 12 прашања. Откако ќе ги одговирете овие прашања,
подолу го имате збирот со кои ќе можете да видите дали сте подготвени за диета.

1. Викендот е најдобро време за диета ? ДА | НЕ

2. „Ќе се обидам со тоа утре“ е вашето омилено мото ? ДА | НЕ

3. Секојдневното мерење на тежината е залудна работа ? ДА | НЕ

4. Верувам дека треба да се јаде секогаш кога човек е гладен ? ДА | НЕ

5. Луѓето околу мене ми велат дека сум со лоша волја кога нема да јадам ? ДА | НЕ

6. Порано секогаш купував тесни работи и сегако ми беше неудобно во таквата облека ? ДА | НЕ

7. Иако се обидував да се придржувам кон правилата на секојдневната диета и вежби, мене тоа ми е досадно ? ДА | НЕ

8. Секогаш по малку „крадам“ кога ќе застанам на вага ? ДА | НЕ

9. Го пробувам секој нов нискокалоричен производ кој ќе се појави на пазарот ? ДА | НЕ

10. Живеам за да јадам ? ДА | НЕ

11. Се додека партнерот не ми каже дека сум дебел/дебела, јас сум среќен/среќна ? ДА | НЕ

12. Моите омилени ресторани се рестораните со „брза“ храна ? ДА | НЕ

Збир, со кој ќе утврдите дали сте подготвени за диета.


  • Од 9 до 12 НЕ
Немојте да се грижите! Штом ќе добиете некој килограм повеќе, важно е да го симнете. А тоа го правите успешно. За вас диетата, односно грижата за храна е мошне сериозна работа. Вие не сте од оние кои за себе лажат кога велат дека изгледаат супер, иако вагата кажува друго.

  • Од 5 до 8 НЕ
Имало периоди во вашиот живот кога сериозно сте држеле диети и сте вежбале за да станете стројни. Но, држењето не диета е сериозна работа и понекогаш не сте успешни во тоа. Сепак, продолжете бидејќи ќе бидете наградени за сите оние случаи кога нема да го допрете, да го отстраните вашиот омилен десерт.

  • Од 0 до 4 НЕ
Вие секојдневно измислувате некоја причина за да се залажете самите себеси за да не почнете со сериозна диета. Првиот чекор што морате да го направите е долго да се гледате во огледало, облечени во омилениот фустан/костим. Не утре туку денес, тоа е вистинскиот ден да се заколнете дека ќе го симнете вишокот колограми. И тоа треба да биде така.

0 коментари