Ново

loading...

Рузмаринот ги штити очите

Ова растение е од голема корист за нашиот организам. Резултатите од најновите американски истражувања покажале дека рузмаринот содржи антиоксиданси.

Еден од нив е карносичната киселина која е добра за здрави очи.





Научниците откриле дека карносичната киселина штити од дегенерација на рожницата, оштетување на мрежницата предизвикано од светлина и сенилна макулна дегенерација.

Макулната дегенерација е променлива состојба со појава на жолти дамки (макули) како последица на дегенеративните промени кои се предизвикани со стареење. Во развиените земји, сенилната макулна дегенерација е најчеста причина за слепило.

Научниците веруваат дека има и други причини за појава на оваа болест. Иако претходните истражувања покажале дека болеста може да се забави со примена на некои соединенија кои се борат против слободните радикали, сепак, оваа најнова студија открила дека карносичната киселина се бори против оштетување на очите, но и на мозокот кое е предизвикано од слободните радикали.

0 коментари