Ново

loading...

На кој хороскопски знак, што да му подарите

За биковите - квалитетно, за девиците - практично

Се уште не знаете што да им подарите на вашите пријатели за роденден или пак не знаете што да му поклоните на вашиот партнер ? Можеби ѕвездите ќе ви бидат од помош. Консултирајте се со ѕвездите и ќе видите на кој хороскопски знак што му одговара и какви подароци сака. Овој водич можете да го искористите за оние кои добро ги познавате, а сепак, не знаете што да им подарите.





Овен
Спортската опрема секогаш е добар подарок за нив. Луѓето кои се родени во овој знак ја сакаат црвената боја. Затоа, ако им купите шал, или капа во црвена боја, нема да погрешите. Доколку вашиот партнер во хороскоп е Овен, изненадете го со карти за некоја спортска манифестација, или пак купете му ЦД од неговиот омилен пејач.

Бик
Тие ценат се што укажува на нивната сензуалност. Било тоа да се чоколадни бонбони, шарена таписерија или ќебе од камшир. Сето ова е добар избор за бикот. Тие се хедонисти и сакаат да уживаат и да трошат пари. На биковите многу им е поважен квалитетот, отколку квантитетот. Затоа, можеби скап парфем ќе му биде многу помил отколку да му подарите нешто ефтино.

Близнаци
Тие се остроумни и сакаат се што укажува на нивниот интелект. Интересна книга, претплата за некое спесание, се што ги ангажира мозочните клетки е добар подарок за близнаците. Овој знак се грижи за својот изглед, посебно за рацете, а може да ги воодушеви и некој парфем или прстен. 


Рак
Сентименталните ракови сакаат подароци кои имаат лична порака и значење. Секоја ракотворба што сте ја направиле, дали тоа е слика, џемпер или колачи, сигурно ќе ги воодушеви. Тие посебно сакаат сребро и затоа, рамка за слика, или огледало со монограм, може да биде одличен подарок за нив. Во склад со нивниот знак, тие сакаат и течност. Затоа, шише со квалитетно вино, чајник, апарат за кафе... се добра идеја.

Лав
Тие сакаат подароци кои ќе изгледаат величенствено. Некој додаток за коса или козметика се одличен подарок за лавовите кои се самосвесни. Карти за опера, златен накит или пак облека со апликација се вистинскиот избор за овој огнен знак. Тие сакаат да се коцкаат. Затоа, лоз среќа или посета на казино може да биде добар подарок за нив. Доколку сакате да кпите облека, имајте на ум дека лавовите сакаат се што има боја на злато, црвено или виолетово.

Девица
Тие сакаат практични подароци. Апарат за правење леб или електрична дупчалка се добар подарок за девиците. Луѓето кои се родени во овој знак се познати по својот беспрекорен изглед. Миризливи сапуни, лосиони, шампони - тоа ќе ги израдува. Девиците се прочуени и по својата организираност. Затоа, некој убав часовник, или кожен нотес, ќе биде совршен подарок за нив.

Вага
Тие имаат посебен афинитет кон музиката. За нив, добар подарок би бил ЦД со нивните најомилени песни. Доколку се работи за личност која ви е посебно мила, подарете и две карти за концерт, бидејќи терезиите не сакаат ништо да работат сами. Луѓе кои се родени во овој знак ја сакаат рамнотежата, а поради тоа, ароматизираните свеќи се добар подарок.

Скорпија
Тие по природа се мистериози. Затоа и подарокот треба да ја исцрпува нивната особина за да се биде идеален. Дизајнирани очила за сонце, шал и капа се добар избор за скорпијата. Овие љубители на мистеријата би уживале во колекција хорор филмови. За нив од корист би била и секси долна облека.

Стрелец
Ним најмил подарок им е кинењето на хартијата од амбалажата Ако не им се допаѓа подарокот, тие отворено ќе ви кажат. За да избегнете јавна критика, подарете им опрема за кампување. Тие се љубители на животни и сакаат подароци кои се поврзани со нивните миленичиња. Исто така, тие многу сакаат да патуваат па можете да им подарите атлас или туристички водич.


Јарец
Тие се опседнати со војата кариера и секогаш ги радува подарокот со кој може да напреднат во кариерата. Кожна чанта за лаптоп или футрола за нивниот iPad се одличен избор. Но, тие не се само кариеристи, туку сакаат и да се забавуваат. Овој хороскопски знак има поинаква смисла за хумор. Затоа ДВД со некоја добра серија би било добар избор на подарок за нив.

Водолија
Овој воздушен знак е многу непредвидлив и никогаш не можете да знаете каде е и што прави. Во еден момент крстари по небото, скока од авион, а следно го бара својор мир во јогата. Сепак, ово јзнак најмногу ќе ви биде благодарен ако му подарите нешто од најновата технологија. Доколку сакате да му подарите нешто лично, направете албум од сликите од вашите патувања и останати возбудливи доживувања. Можеби не покажуваат, но водолиите се врзани за своите пријатели.

Риби
Уште еден хороскопски знак кој ја сака мастиката. Шише шампањ и најубавите бајки се совршениот подарок за овој знак. Бидејќи се воден знак тие сакаат миризлива сол за купка, средства за чистење на лицето и гелови за туширање. Ако сакате нешто поромантично, книга поезија со посвета е добар избор.

0 коментари