Ново

loading...

Со храна против стареењето

Причинители на стареењето меѓу другото се и слободните радикали. Затоа е важно да се внесува храна во телото која го неутрализира нивниот ефект.

Лимонот, доматите и брокулата содржат витамин Ц и бетакаротен кои ги неутрализираат слободните радикали. Поради оваа треба да ги вметнете во вашата секојдневна исхрана.


Оревите, сите видови на семки и авокадото го содржат витаминот Е, а неговата основна функција е да ја зајакне структурата на кожата. Се препорачува да се консумира леб и печива од интегрално брашно и секогаш кога е можно заменете го белото брашно со интегрално.
 

Рибата, јајцата, сирењето, млекото и месото содржат витаминот Б12 кој ја освежува вашата меморија.
 

Лукот е неопходен во борбата на организмот против болестите и го заштити од инфекции,па не гледајте кон него со резерва. Можете да го ставате во сосови, салати и како додаток на сите јадења.
 

Сојата исто така треба да биде присутна во вашата исхрана бидејќи го штити телото од рак, особено од рак на дојката.

0 коментари